Со имплементација на ЕУ стандардите создаваме развиено домашно земјоделство, конкурентно на европскиот пазар

19.10.2023 22:00:00


Денеска во Брисел завршува тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 11: Земјоделство и рурален развој, дел од Кластер 5 - Ресурси, земјоделство и кохезија. Во текот на овие денови, македонската делегација пред експертите на Европската комисија реализираше над 40 презентации, во врска со постојната законска рамка во областа на земјоделството и руралниот развој, интервенциите на земјоделскиот пазар, системите за контрола на квалитетот на земјоделските производи, трговските механизми, спроведување на анти-кризните мерки како и многу други аспекти кои го регулираат пласманот на земјоделските производи во нашата земја. Освен Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое е институција носител за ова поглавје, македонската делегација ја сочинуваат и претставници од: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот инспекторат за земјоделство, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државна комисија за спречување на корупцијата како и Секретаријатот за европски прашања. Македонската делегација ја предводи државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Дрита Халили. Поглавјето 11 е дел од Класерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и опфаќа поголем број на обврзувачки правила неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика. Кластерот 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, е најобемен од сите други кластери, имајки предвид дека во него се: Поглавје 11 – Земјоделство и рурален развој; Поглавје 12 –Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика; Поглавје 13 – Рибарство; Поглавје 22 – Регионална политика и координација на структурни инструменти и Поглавје 33 – Финансиски и буџетски одредби каде припаѓа скоро 47% од целокупната регулатива за сите кластери. Усогласувањето и имплементацијата на стандардите на Европската Унија за ова поглавје значи повеќе можности за нашите земјоделци како и развој на модерно и конкурентно земјоделство на единствениот европски пазар.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици