Министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во посета на успешни ИПАРД корисници во Свети Николе и Штип

01.11.2023 20:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финасиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска беа во посета на успешни ИПАРД корисници во Свети Николе и Штип. 

ИПАРД е наша успешна приказна на која сите треба да сме горди. Како земја лидер во регионот ИПАРД 2 програмата ја заокружуваме со 100% реализација и нула евра поврат на средствата. Досега преку ИПАРД 2 програмата склучени се 2369 договори, што е 98% реализација на програмата. Неодамна заврши и последниот јавен повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата на кој имаме 58 барање во вредност од 8,8 милиони евра, со што вкупната реализација на програмата достигнува 100%. 

Министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски во Свети Николе го посетија објектот Ресторан "Била Зора", кој со околу 30 милиони денари поддршка преку ИПАРД фондовите е уште еден пример, и уште една успешна приказна за развој на руралниот туризам преку европски средства. Во разговорот корисникот изрази задоволство од искуството со ИПАРД 2 програмата истакнувајќи дека веќе е решен да аплицира и за новата ИПАРД 3 програма.

Ефикасното искористување на ИПАРД средствата е еден од нашите приоритети.

АГРО ФУД КОМПАНИ од Штип е компанија за одгледување на земјоделски производи, успешен ИПАРД корисник кој со околу 30 милиони денари поддршка од ИПАРД го има модернизирано своето производството, преку набавка на машини, плуг, садачка, тифон за наводнување, метео станица и ред други помагала за усовршување на производството.

Kомпанијата ФЕ&ЕС во село Лакавица, е успешен ИПАРД корисник на околу 55 милиони денари од ИПАРД програмата. Со овие средства оваа компанија има набавено опрема-циркуларни пумпи, и има извршено градежни активности.

На 30 октомври заврши првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7 каде на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра наменети за инвестиции модернизација на македонското земјоделство и развој на руралниот туризам. Очекуваме добар интерес од корисниците, со многу апликации, почнувајќи да ја испишуваме новата успешна ИПАРД 3 приказна.

Преку новата ИПАРД 3 програма една од поволностите што ги нудиме е и авансната исплата до 50% веднаш по потпишувањето на договорот, но и можност за кофинасирање до 70% од вредноста на инвестицијата со која ги мотивираме младите земјоделци да аплицираат и да ја искористат можноста од ИПАРД програмата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици