Министерот Николовски изврши увид во завршните активности од изградбата на браната Конско во Гевгелија

15.11.2023 16:40:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со проектантите, инжинери и работници, изврши увид во активностите за изградба на браната Конско во Гевгелија. 

„Денес беше посебен ден на браната Конско во Гевгелија. Да се тестира опремата, да се влезе во тунелот и пред да се затвори капакот и почне да се полни браната емотивно да се навратиме назад со сите чинители, проектанти, инжинери и работници на сите предизвици овие години и на тоа што го направивме“, истакна министерот Николовски.

Изградбата на браната Конско е значајна капитална инвестиција на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која и покрај многуте предизвици и проблеми, со многу работа, посветеност и енергија успеа од почетокот до крај.

Капитален проект важен за развој на земјоделството и наводнувањето на земјоделското земјиште, за туризмот и економијата на целиот регион. Започна со реализација во 2018 година, со поставувањето на камен темелникот, и целосно реализиран денес во 2023 година.

Инвестиција вредна 40 милиони евра, што го прави овој проект најголем  капитален водостопански објект во последните 50 години финансиран од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку овој нов систем за наводнување и вештачко езеро, за 5 пати ги зголемуваме наводнуваните земјоделски површини. Ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на цела година за 6.500 хектари нето земјоделска површина во јужниот дел на државата, што е клучен предуслов за квалитетно производство. 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици