Врз основа на член 22-б став (1) од Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/13, 106/13, 37/13, 61/15, 97/15, 215/15 и 51/18), Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, распишува ЈАВЕН ПОВИК БР.01/23 за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор. Повеќе за повикот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате во документите во прилог.