Николовски од акцијата за пошумување во Велес: Заедно со општествено одговорните комапнии и граѓански здруженија го збогатуваме шумскиот фонд со нови 1.200.000 садници, градејќи здрава иднина на идните генерации

27.11.2023 12:45:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со министерката за животна средина, Каја Шукова, претставници на ЈП Национални шуми, здружението Мен енд Маунтен и општествено одговорните компании денес на локацијата во близина на езерото Младост во Велес, ја продолжија големата акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО.

Годинешната голема акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО има за цел пошумување на над 400 хектари со 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. На денешната акција во Велес започна пошумувањето на локацијата во близина на езерото Младост, на површина од 23 хектари, со садници на багрем, јавор и јасен.

Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство, а тоа се шумите. Преку оваа голема акција заедно со нашите партнери, општествено одговорните компании и граѓански здруженија, засадуваме 1.200.000 садници, пошумувајќи површина од над 400 хектари. Заедно го збогатуваме шумскиот фонд на државата, за нас, нашите деца да имаат здрава иднина“, истакна министерот Николовски.

Акцијата АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО започна со реализација од месец ноември и ќе трае се до 31 март 2024 година, поделена на два дела.

Првиот дел од акцијата се реалзиира во месеците ноември и декември, преку програмата за проширена репродукција. Започнавме на 10 ноември со пошумување на површина од 96 хектари во Делчево на локацијата Стар Истевник. Потоа продолживме во Берово со пошумување на површина од 51 хекатар на локацијата Будинарски рид. Денеска продолживме во Велес, а продолжуваме со пошумување на локацијата Кокино во Куманово со пошумување на површина од 61 хектар.

На овие локации, во првиот дел од акцијата за пошумување, заедно со нашите партнери пошумуваме површина од 241 хектар, со засадување на над 580.000 садници. Токму на овие локации, кон акцијата, активно се приклучија учениците од средните училишта „Раде Јовчевски - Корчагин“ и „Орце Николов“, потоа Сојузот на извидници на Македонија, здружението Менендмаунтаин, општествено одговорните компании Телеком, ДМ Дрогерии, Халкбанка и КБ Пензинско друштво, кои покрај со своето учество во оваа акција донираа садници и опрема.

Share