Во организација на здружението "Вина од Македонија" заедно со Concours Mondial de Bruxelles, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како покровител на овој настан заедно со ГИЗ Германската Соработка, минатата недела во Велес се одржа вински натпревар за Вранец „Vranec Selection by CMB“.
Ова традиционална манифестација, која на едно место ги собира најдобрите регонални балкански вина од сортата Вранец, оценеувани од 20-тина еминентни вински судии, критичари и новинари од целиот свет, кои имаа задача да ги оценат изложените вина и да ги изберат најдобрите Вранец вина за 2023 година.
Оваа година со свои Вранец вина покрај Северна Македонија, се претставија и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово, со изложени околу 100 Вранец вина, а поголемиот број на изложени вина се токму од Северна Македонија.
Најпрестижната награда ја освои винаријата Imako Vino Winery која се здоби со првото место, и освои Grand Gold Medal. Меѓу бројните вина од регионот, кои беа оценувани од еминентни судии, познавачи на доброто вино, македонските вина се здобија со многу златни и сребрени медали.
Повеќе информации околу деталите за наградените вина, повелете на следниов линк: https://bit.ly/3t6DTjc