Македонскиот традиционален ајвар се најде на првото место на TasteAtlas Awards 23/24

18.12.2023 15:00:00


Македонскиот традиционален ајвар, како една од најдобрите закуски во светот за 2023 година се најде на првото место на TasteAtlas Awards.

Овој традиционален вкус од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните закуски низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. 

Подобар квалитет, повисоки стандарди и ефикасност, а помали трошоци, тоа и е нашата цел  кога станува збор за поддршката која што ја доделуваме на земјоделците. Веста дека нашиот традиционален производ од црвена пиперка – ајварот, се најде на листата со најдобра храна многу не радува.

Се залагаме за поддршка за малите производители да стигне на вистинската адреса и со набавената опрема да се модернизира, афирмира и промовира квалитетното производство. Токму затоа ја даваме поддршката за малите производители со грантови до 10.000 евра, за набавка на опрема за модернизација, афирмација и промоција на своето производство. 

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици