Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ве известува дека на 12 декември 2023 година е донесен новиот Закон за дивечот и ловството и истиот стапува во сила на 20 декември 2023 година.
Согласно член 65 став (1) од Законот за дивечот и ловството (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.263/2023), кандидатите кои имаат поднесено барање за полагање на ловечки испит и кандидатите кои ќе поднесуваат барање за полагање на ловечки испит се должни да достават и потврда за спроведена обука за полагање на ловечки испит издадена од Ловечката федерација на Македонија.