Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар

20.12.2023 21:45:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се обрати на панел-дискусија посветена на земјоделството на тема, Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци.

Панел – дискусијата е дел од медиумската кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“

Ви го праќаме интегрално обраќањето на министерот Николовски.

Со години наназад, уште од независноста па до денес, од многу политичари, сме ги слушале заложбите дека Европската Унија е наш стратешки партнер и ние тоа го слушаме и слушаме повеќе 30 години и дека тоа е стратешката цел на државата што треба да се оствари.

За тоа дека треба што поскоро да го фатиме европскиот пат и да бидеме членки на на Унијата.

Често пати знаат на сите нас да ни го постават прашањето што правите за да ги задржите младите тука и дома. Какви мерки превземате за младите да останат во руралните средини и да се занимаваат со производство на храна со земјоделство. 

Одговорот секогаш бил дека ја носиме Европа, европските вредности и европските практики тука и дома.  

Но каде и зошто сакаат да заминат нашите млади? Повторно не заминуваат во други, туку заминуваат во европските земји. И ако ова на сите нам ни е добро познато, тогаш треба сите да дадеме се од себе, и наместо демагогии и филозофии треба со конкретни чекори со конкретни дела, со конкретни одлуки да ја направиме таа наша стратешка цел да биде остварлива и да биде реална и да станеме членка на ЕУ, а со тоа да не  заминуваат во европските земји туку да ни останат дома младите тука каде што ќе ги уживаат европските вредности и европските можности заради тоа што заради тие европски можности се иселуваат и заминуваат. И токму затоа е нашата цел да донесеме храбри одлуки и да направиме се што е во наша можност да не пропаднат уште многу генерации, да не чекаме уште децении за да го направиме тоа.

Ние во секторот земјоделство мислам дека покажавме на дело и преку ИПАРД 2 програмата којашто се спроведува во овие 5 години и преку искористувањето на сите европски фондови можности како е тоа на дело и како ги гледаме денеска резултатите.

Европска иднина денеска е поблиску од било кога. Јас и сите ние сме горди што сме дел од оваа генерација која што не ветуваше, не ветува туку заедно носи одлуки, храбри чекори преку кои ја обезбедуваме токму таа сигурна иднина на младите и на граѓаните овде.

Европската Унија значи нова голема можност за секој граѓанин, значи можност за секој земјоделец, значи можност нашите земјоделски производи да се пласираат на големиот европски пазар. И тоа го гледаме денеска и преку планот за раст за којшто ќе зборуваме и денеска дека ни се става на можност односно дека ги добиваме токму тие придобивки.

Затоа ми претставува чест, што токму со земјоделството како сектор, како тема  започнува првата панел дисусија од оваа кампањата Европската иднина, поблиску од кога било.

Токму со поддршката на Европската Унија реализираме повеќе мерки и проекти, со кои го помагаме и развиваме македонското земјоделство, обезбедуваме наводнување на земјоделските површини и ги чуваме и унапредуваме македонските шуми и ги консолидираме и окрупнуваме земјоделските површини за што и за кои како тема се зборуваше и се зборува 30 години, меѓутоа многу малку се правеше.

Земја лидер сме во регионот по реализација на ИПАРД програмата и тоа е нешто што денеска мислам дека сите го знаат. Ја користам оваа прилика, тука се сите надлежни и од платежната агенција и од министерството коешто навистина деноноќно работат за да денеска сите заедно збориме за резултатите за бројките и фактите по коишто Северна Македонија е различна од сите земји во регионот по коишто ние сме докажале дека сме поуспешни и од земји членки на ЕУ коишто се денес и дека навистина е ова највидливата програма којашто е реализирана преку Европската Унија.

Имаме најголема реализација на ИПАРД програмата, за целиот буџет од ИПАРД програмата веќе имаме склучено договори. 5 години имаме 0 евра назад вратено во буџетот на европската комисија за разлика од ИПАРД 1 кога вративме 50 или 55 милиони евра.

Петта година по ред како ја завршуваме или ова ќе биде шеста, ќе ме корегира и Никица дека 0 евра назад враќаме во буџетот на ЕК заради успехот во реализација на ИПАРД 2 програмата. И токму сме пример на земја којашто прва започна со имплементацијата и доби зелено светло да започне со ИПАРД 3 програмата. И се надевам дека после ИПАРД 3 програмата веќе ќе бидеме членки на ЕУ и ќе ни бидат отворени и сите други структурни можности како земја членка на Унијата.

Речиси и да не постои село или град во која што ја нема таблата на реализиран проект. И ова не се празни зборови ова се кои ние секогаш ги потврдуваме и секого во очи гледаме кога збориме за ИПАРД заради тоа што збориме со факти и аргументи коишто се лесно проверливи и коишто се докажуваат.

Нашиот успех е потврден од Европската Комисија, којашто за новата ИПАРД 3 програма ја зголеми 62 проценти програмата односно за 62 проценти го зголеми буџетот, И ако во ИПАРД 2 имавме на располагање 60 милиони евра, сега во ИПАРД 3 имаме програма којашто први ја започнавме од сите земји кориснички на ИПАРД имаме 97 милиони евра неповратни европски средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Тоа значи нов зголемен, неповратен ЕУ буџет, наменет за модернизација и развој на нашето домашно земјоделство.

Колку е важно земјоделството во ЕУ како уште една информација којашто треба сите да ја знаеме е дека 40 проценти од буџетот на ЕУ оди за секторот земјоделство односно за производството за храна и тоа потврдува покажува дека колку нови можности и простор ни се отвора како земја членка на Унијата. А притоа да не заборавиме дека друга алтернатива ниту имаме ниту пак сме слушнале од ниту еден политичар, ниту пак некои други врати нас ни се отворени и токму затоа е целта што побргу да станеме членка на Унијата.

ИПАРД е нашата успешна приказна, нашиот успех со којшто мислам дека е национална гордост. Секоја една реализирана ИПАРД инвестицијата покрај земјоделството, допринесува и во развој на целокупната економија. Преработувачките капацитети се развиваат, растат, се зголемува извозот на наши домашни македонски локални производи, се отвораат нови работни места и се развиваат локалните економии.

Рекордна искористеност којашто ја имаме во ИПАРД 2 се потврдува со 2.369 склучени договори, а во скоро време склучени ќе бидат и договорите од последниот повик што значи имаме повеќе договори од Албанија, Црна Гора и Србија заедно и ќе додаде директорот колку од тие меѓутоа претпоставувам дека нас 2100 договори се веќе целосно исплатени, а тоа значи целосно заокружени реализирани инвестиции согласно сите контроли коишто се направени на терен.

Ако направиме споредба програмата ИПАРД 1 е реализирана само со 18% додека ИПАРД 2 програмата кажав со 100% склучен буџет за договори кон странките. Кај ИПАРД 1 како држава сме вратиле кажав 55 милиони евра, а со ИПАРД 2 од 2017 кога започна во мај до сега 0 евра вратени назад. 

Она што е за голема почит е што од вкупниот овој број на близу 2.400 договори дури 859 договори се потпишани и реализирани земјоделци. Што е вистински демант на сите оние работи ки лесно се кажуваат дека застарува секторот и дека не се подмладива итн. Ние вечерва со бројки може да демантираме и потрдиме колкав е интересот на младите во делот на производството на храна и колку е нивниот интерес да влезат во овој сектор.

ИПАРД програмата токму на младите им дава можност да направат поврат на инвестицијата  и до 70%. 

Покрај ИПАРД програмите младите земјоделци на располагање имаат и други мерки за поддршка. Поддршката од 10.000 и 20.000 евра преку мерката млад земјоделец, за започнување и развој на земјоделското стопанство. Овие мерки дадоа резултати, па денес имаме успешни млади земјоделци сопственици на мали семејни винарии, или успешни мали производители на храна заради тоа што гледате дека нашиот фокус особено во последните 2 години го ставивме кон малите производители кон малите семејни фарми и малите бизниси и имаме во Агенцијата за храна околу 2500 нови мали оператори со храна коишто се регистрирани. Пред 2 години оваа цел од 2000 мали оператори си ја зададовме за следните четири години и кога побаравме пред некој ден од директорот податоци откривме дека 2500 мислам дека се само во една година што значи дека пораката е примена интересот е голем, мерките и програмите коишто сме ги креирале допираат до младите и интересот на младите луѓе расте и затоа треба да продолжиме со таа поддршка. А најнепобиден факт е самошто пред неколку дена кога ги доделивме договорите за една мерка којашто заедно со земјоделците ја креиравме, а тоа е мерката којашто од терен како и другите мерки ја воочивме дека е потребна за вистинските земјоделци, регистрираните земјоделци оние коишто егзистираат и основната немаат друга дејност освен земјоделието, тие постојано велат дајте ние да бидеме попривилегирани, да добиваат повеќе поени при обработка на апликации итн. Меѓутоа овојпат на нивно барање се креираше уште една мерка во којашто нема потребада чекаат повици туку тие наведуваат во своите бизнис деловни планови кој тип на инвестиција ја сакаат и за што сакаат да инвестираат. И еве оваа пробна, или тест мерка којашто прва година се спроведува пред неколку дена платежната агенција одобри и додели 206 договори. Од тие 206 договори за кофинасирање на инвестиции 10.000 евра за вакви земјоделци кои навистина се реални и егзистираат од оваа дејност од 206 одобрени договори 121 годивор е потпишан од млад земјоделец, а 115 договори се потпишани од жени, што повторно го потврдува фактот дека сме имале испрвни политики кога кажав младите и жените ќе бидат во нашиот фокус.

Како што напоменав и на почетокот, со вакви мерки и посветеност можеме на младите да им ја обезбедиме идиндата дома, пред се да ја вратиме довербата во институциите дека не треба нешто да добијат преку ред дека не им требаат врски дека не требаат ургенции дека има ред, има систем. Дека тој систем функционира и дека имаат еднакви шанси тука и дома и да добијат поддршка и да добијат една сигурност. И таа доверба мислам дека и преку овој сектор ја пражаме назад заради тоа што знам колку професионално посветено, чесно, одговорно, работат институциите и колку вложуваме и трошиме енергија и време токму да ги елиминираме сите оние не европски вредности коишто сме ги виделе со години и со децении наназад и за којшто прочем и ќе зборуваат и апликантите коишто ќе ви кажат да дека немале секогаш добро искуство но дека довербата е вратена и дека сега нема назад, сега мора до секој еден млад човек, граѓанин да го увериме и да го убедиме дека тие европски вредности ги има дома и дека не му требаат врски и ургенции и било што друго за да добие договор и да добие поддршка, а тоа сметам дека значи многу за да го вратиме мотивот кај сите млади луѓе дека навистина тука и дома може да ја добијат шансата без оглед на сите разлики кои ги имаме.

Како што доликува на една земја лидер, на први септември оваа година, први во регионот започнавме со реализација на ИПАРД 3 програма, ниту една друга земја не започна, еве 31 декември ќе дојде ќе ме корегираат еве колегите што многу повеќе од мене  знаат ама сметам дека ниту една друга земја нема да распише повик и нема да има одобрување за ИПАРД 3 програмата.

Во новата ИПАРД 3 програма предвидуваме повеќе нови можности за новите заинтересираните апликанти. Нови можности со кои ќе испишеме уште една успешна ИПАРД приказна.

Со новата ИПАРД 3 програма овозможуваме до 50% авансна исплата од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. На овој начин на корисниците има даваме можнот веднаш по потпишувањето на договорот, да започнат со реализација на планираната инвестиција.

Исто така со ИПАРД 3 зголемен е прагот на минималните инвестиции, со цел да се надмине преклопувањето и конкуренцијата помеѓу ИПАРД Програмата и Националната програма за рурален развој.  Ова значи дека помалите земјоделски производители и бизниси, иницијално ќе бидат финансирани во рамки на националните програми на министерството, со цел истите да зајакнат и окрупнат, по што ќе станат прифатливи и економски оправдани за користење на средства од ИПАРД програмата.

Наша силна заложба како министерство е секоја една педа обработлива површина да биде ставена во функција за производство на храна. Земјоделското земјиште го заштитуваме, а со поддршка на Европската Унија го реализираме проектот за консолидација, окрупнувајќи го расцепканото земјоделско земјиште.

Земја лидер, потврдено од Еврпската Унија и ФАО, сме во спроведување на процесот за консолидација, преку проектот МАИНЛАНД вреден 2.8 милиони евра. Подготвени се планови за консолидација на земјиштето во 9 подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево. Егри е првиот успешно завршен проект за консолидација, каде бројот на парцели се намали за скоро четири пати - од 874 парцели на 260.

Вкупно 4.700 хектари земјоделско земјиште се опфатени во проектот МАИНЛАНД, при што директни корисници се над 6.200 сопственици на земјиште. Процесот на консолидација им помага на земјоделците и руралните заедници да ги надминат проблемите со прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште, малата површина на земјоделските стопанства и недоволната и застарена земјоделска инфраструктура.

Преку консолидацијата на земјоделското земјиште, земјоделците добиваат добро формирани земјоделски парцели, патна инфрастуктура и пристап до секоја една површина и наводнување до секоја површина.

Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, ја продолжуваме успешната приказна на МАИНЛАНД, и обезбедуваме подобра структура на земјиштето, и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство.

Европска поддршка за развој на македонското земјоделство добиваме и преку ИПА програмата, реализирајќи проекти за изградба на нови и реконструкција на постојните водоснабдителни системи.

Преку оваа поддршка го изградивме системот за наводнување Славишко Поле, во општина Ранковце вреден 2 милиони евра. Се изврши рехабилитација на брана Чаушица и се изгради нов систем за наводнување во општина Босилово вреден 2,5 милиони евра. Активно се работи на системот за наводнување во општина Теарце, потоа системот за наводнување во Конопница и Пишица.

Нема квалитетно земјоделство, без редовно наводнување. Посветено работиме како министерство и Влада, заедно со поддршката на Европската Унија, да обезбедиме функционални и модерни системи за наводнување, до секоја една земјоделска површина.

Шумите се нашето природно богатство. Со поддршка на Европската Унија преку ИПА програмата го чуваме и развиваме македонските шуми, реализирајќи проект за заштита и унапредување на шумите, креирајќи темелни реформи во секторот шумарство по европски стандарди. Резултатите кои треба да произлезат од оваа голема реформа се креирање на Агенција за шуми, потоа трансформација на ЈП Македонски Шуми во претпријатие кое би било во државна сопственост со ограничена одговорност, воспоставување на интегриран шумарски информативен систем, национална инвентаризација на шумите со план за одржлив развој на шумите, сертификација на шумите и издавање сертификат за избраните (најдобри) државни единици за управување со шуми.

И тука не застануваат проектите на кои заедно работиме со Евопската Унија.

Со поддршка од 4.500.000 евра на Унијата се гради регионална кафилерија, а работиме и на проектите „Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор" и проектот "Агро смарт, развој на модерно и одржливо земјоделство.

Долга е листата на проекти значајни за развојот на нашето македонско земјоделство, а силно поддржани од фондовите на Европската Унија. Ваквата поддршка, како држава, ја имаме благодарение на храбрите одлуки кои ги донесовме изминатиот прериод.

Во последниот извештај Европската Комисија нотира значаен напредок во делот на земјоделството и руралниот развој. Ова значи дека ние како министерство нашата нашата обврска успешно ја завршуваме, добижувајќи го македонското земјоделство до европските регулативи и практики.

Подготвивме и веќе е усвоен од Собранието новиот закон за советодавни услуги во земјоделството и руралниот развој, усогласен со регулативите на Унијата. Законско решение кое им дава стручна и советодавна поддршка на земјоделците, навремено информирајќи ги со новите земјоделски практики и сите нови мерки за поддршка што како министерство им ги ставаме на располагање на земјоделците. Токму со поддршка на Европската Унија вршиме модернизација на советодавните услуги за земјоделците.

Собранието го усвои и новиот закон за дивечот и ловството. Закон усогласен во целост со европските регулативи, а новините кои ги пропишува овој реформски закон се многубројни. Со новиот закон се даваат поголеми јавни овластувања на Ловечката федерација. Се предвидува задолжителна обука пред полагањето на ловечкиот испит, а флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч. Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови на дивеч и се развива ловниот туризам.

Како министерство ги подготвивме, а Владата ги усвои, новиот закон за рибарство и аквакултура и новиот закон за вино. Две законски решенија усогласени со европското законодавство, кои веќе се наоѓаат во Собранието.

Со предлог законот за рибарство и аквакултура се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми.

Предлог законот за вино ја утврдува производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството. Со овој предлог закон вршиме и заштита на географските вински ознаки.

Чекорејќи сигурно на европскиот пат, европската иднина е поблиску од кога било. Нашата долго очекувана стратешка цел, членство во Евопската Унија станува реалност. 

Последните најави на Европската Унија за вклучување на нашата држава кон единствениот европски пазар, дава одлична можност македонските земјоделски производи да се пласираат пазарот во Европската Унија, пазар од 450 милиони потрошувачи. Дава одлична можност нашите градинарски производи, жита, нашето овошје да биде еднакво пласирано и под истите услови како тоа од земјите членки на Унијата.  

Со новиот план за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија има за цел на регионот да му овозможи некои од придобивките од членството и пред самото пристапувањето во Унијата. Спроведувањето на планот треба да го забрза процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и да се поттикне растот на нивните економии.

За поддршка на спроведувањето на планот за раст, ЕУ, преку новиот Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан обезбеди износ од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година за поддршка на реформите. Треба да се напомене дека овие средства се дополнителни на тековните средства обезбедени преку Инструментот за предпристапна помош ИПА, и се состојат од 2 милијарди евра грантови и 4 милијарди евра поволни заеми.

И кога велиме дека патот кон ЕУ е важен и дека нема друга алтернатива, го велиме тоа, токму поради земјоделците. Бидејќи со поддршка на Европската унија го модернизираме македонското земјоделство, а како напредуваме во овој пат се отвораат нови фондови за уште поголема поддршка.

Европска иднина денес е шанса која не смее да се пропушти. Шанса на која секој од нас мора посветено да работи, да даде своја жртва, свој влог, и така да даде придонес во градењето на стабилна иднина за сите граѓани. Иднина со европски вредности, тука дома, во својата држава.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици