МЗШВ: Аплицирајте за мерката 1.9 дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје

24.12.2023 17:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува сите земјоделци дека во тек е аплицирањето за дополнителните директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Напоменуваме дека крајниот рок за поднесување на барањата е до 30 декември 2023 година.  

Како корисници кај подмерката 1.9 се јавуват земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а се корисници на подмерката 1.8 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.

Оствареното производство треба да е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури наменети за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, или истото е користено за домашни потреби, или пак е продадено на пазар.

Земјоделците барањата ги поднесуваат во електронска форма, со најава во системот, преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“, на веб страната од  АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk. Пополнетото барање потебно е да се испечати и потпишано да се достави во писмена форма до АФПЗРР, преку пошта, или директно до архивата на Агенцијата.   

Поркај аплицирањето за мерката 1.5 земјоделците можат да аплицираат и за мерките

  • „Мерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион“,
  • „Мерка 1.5 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници“,
  • „Мерка 1.7 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.10 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети“,
  • „Мерка 1.13 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено производство на грозје“ и
  • „Мерка 2.20 Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски својства на мед“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатува апел до сите земјоделци навремено да ги пополнат барањата и да аплицираат, остварувајќи го правото за дополнителни директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици