Врз основа на член 25-б став 2 и став 3 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 178/21 и 91/23, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува Јавен повик бр.01/23 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Повеќе за повикот, деталите, начините и критериумите за аплицирање може да ги прочитате во документите во прилог.
Се известуваат сите понудувачи дека јавното отворање на понудите ќе се одржи на ден 09.02.2024 година (петок) со почеток во 8:00 часот во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Ленинова бр.2 Скопје- Центар, (големата сала на приземје).