СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА

22.01.2024 14:59:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  организира јавна расправа за Нацрт – Законот за шумите  и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите која  ќе се одржи на 31 јануари (среда),  со почеток во 13:00 часот во големата сала на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Нацрт – Законот за шумите  и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите се дел од клучните активности на  проектот Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија, NEAR/SKP2022/EA-RP/0036, финансиран од Европската унија  а имплементиран од Конзорциум предводен од Particip GmbH.

Нацрт – Законот за шумите  и Нацрт – Законот за формирање на Агенција за шумите се резултат на предходни длабоки анализи на подготвителен проект фининасиран од страна на Европската Унија  заради  реформи во шумарскиот сектор како и заради усогласување  на политиките и acquis поврзани со ЕУ а со цел потикнување на одржлив развој и управување со шумите.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици