ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИОТ РЕОН КУМАНОВО, КОЧАНИ, КАВАДАРЦИ, ГЕВГЕЛИЈА, БИТОЛА, ОХРИД И КИЧЕВО

12.02.2024 09:40:00


Врз основа на член 36 од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија” бр. 26/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21,  283/21 и 91/23), член 28 став 1 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство („Службен весник на Република Македонија” бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 153/19,216/19, 89/22 и 65/23) и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање на дивечот во ловиштето со концесија  во ловниот  реон Куманово, Кочани, Кавадарци,  Гевгелија, Битола, Охрид  и  Кичево („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 220/23),  Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија објавува 

ЈАВЕН  ПОВИК

ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИОТ РЕОН  КУМАНОВО, КОЧАНИ, КАВАДАРЦИ, ГЕВГЕЛИЈА, БИТОЛА, ОХРИД  И КИЧЕВО

 

1. Концедент е Република Северна Македонија - Влада на Република Северна Македонија (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - ул.„Ленинова“ бр.2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија, контакт телефон +389 2 313 44 77,  www.mzsv.gov.mk).

1.1. Адреса  и место  за   доставување на понуди:

      Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

      ул.„Ленинова“  бр.2,

     1000 Скопје, Република Северна  Македонија,

    тел: +389 (0)2 313 44 77,

2. Предмет на овој јавен повик е давање на користење на дивечот со концесија во дел од ловиштата востановени со Одлуката за востановување на ловишта на територијата на Република Северна  Македонија, следните ловишта, со  место и локација

Реден број

Ловиште број

Име на ловиштето

времетраење на концесија (во години)

Намена на ловиште

1

2

3

4

5

 Скопско - Кумановско ловностопанско подрачје

 

реон Куманово

 

1

3

Козјак

20

крупен

2

4

Љубодраг

10

ситен

3

5

Слупчане

10

ситен

4

6

Карабичане

10

ситен

5

7

Степанце

10

ситен

6

8

Желувино

10

ситен

7

9

Облавце

10

ситен

8

10

Мургаш

10

ситен

9

11

Старо Нагоричане

10

ситен

10

12

Зебрењак

10

ситен

11

13

Орашец

10

ситен

12

14

Доброшане

10

ситен

Брегалничко ловностопанско подрачје

 

реон Кочани

 

13

4

Соколарци

10

ситен

14

5

Бања

10

ситен

15

6

Подлог

10

ситен

Долно -Вардарско ловностопанско подрачје

 

реон  Кавадарци

 

16

7

Росоман

10

ситен

17

11

Чемерско

10

ситен

реон Гевгелија

 

18

4

Црничани

20

крупен

Пелагониско  ловностопанско  подрачје

 

реон Битола

 

19

6

Ивени

10

ситен

20

8

Врањевци

10

ситен

Охридско - Преспанско ловностопанско подрачје

 

реон  Охрид

 

21

5

Косел

10

ситен

Кичевско-Бродско ловностопанско подрачје

 

реон Кичево

 

22

8

Стрелци

10

ситен

23

9

Цер

10

ситен

 

3. Концесиите на дивечот во ловиштата, предмет на овој јавен повик ќе се доделуваат за секое ловиште посебно.

 

4. Основна цел на давањето на дивечот во ловиштата  на концесија е планско стопанисување односно одгледување, заштита и користење на дивечот во ловиштата. Концесиите на дивечот во ловиштата се доделуват за период од:

- ситен дивеч: 10 години

- крупен дивеч: 20 години

5. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица како и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во Република Северна  Македонија согласно Законот за трговски друштва  и кои подигнале тендерска документација.

6. Во тендерската документација се содржани податоци за ловиштата во кои се доделува дивечот на концесија, површината на ловиштата, времетраењето на концесијата, минимален концесиски надоместок кој претставува основа за доставување на понуди по јавниот повик, износ на вредност на банкарската гаранција за учество во постапка, и условите кои треба да се исполнат од страна на концесионерот.

7. Понудувачите задолжително треба да ја достават следнава документација за докажување на личните, професионалните и финансиските услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик:

1) Тековна состојба  издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија

2) Потврда за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на Република Северна  Македонија (за вршење на дејност поврзана со предметот н договорот или општа клаузула)

3) Информација за економско - финансиска состојба на субјектот издадена од  Централниот регистар на Република Северна  Македонија;

4) Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки издаден од Управа за Јавни приходи на Република Северна Македонија;(се прифаќа документ со намена за концесија).

5) Документ дека над правното лицето не се води постапка за стечај издаден од Централниот регистар на Република Северна  Македонија;

6) Документ дека над правното лицето не се води постапка за ликвидација издаден од Централниот регистар на Република Северна  Македонија;

7) Документ дека на правното лице не му е изречена казна за кривично дело: Информација за кривична судска одлука издадена од Централниот регистар на Република Северна  Македонија;

8) Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централниот регистар на Република Северна  Македонија;

9) Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна  Македонија;

10) Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (АНЕКС 4 од тендерската документација);

11) Изјава на понудувачот (АНЕКС 5 од тендерската документација) заверена на нотар дека :

-  ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство, недвижен имот и движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);

-  ќе изработи Програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето согласно со предвидувањата во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно;

-  ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство, и

-  ќе формира ловочуварска служба согласно на Законот за ловството.

Само понудите од понудувачите кои се комплетни и валидни  ќе бидат предмет на евалуација.

8. Целокупната понуда треба да биде на македонски јазик.

Документацијата не треба да биде постара од 6 месеци  од денот на отворањето на понудите, освен Извештајот за ревизија за странски правни лица кој треба да биде за последната година.

Документацијата поднесена од странски понудувачи, треба да биде преведена на   македонски јазик од овластен судски преведувач

Документација која се бара согласно тендерската документација, понудувачот треба да ја достави во оригинал или копија заверена од нотар,

Понудата се пишува со неизбришливо мастило (хемиско пенкало) или се печати преку компјутерски печатар и ја потишува одговорно лице во правното лице / овластено лице на правното лице (понудувачот), Понудувачите можат да достават понуди за едно или за повеќе ловишта за доделување на концесии на дивеч, но не повеќе од една понуда за едно ловиште. Доколку понудувачот достави понуди за повеќе ловишта, сите понуди од еден ист понудувач задолжително треба да се достават во еден понуден коверт/пакет согласно на тендерската документација.

9. Рок за подигнување на тендерската документација е најдоцна до 15.07.2024 година, до 10.00 часот. Тендерската документација се подигнува во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Ленинова„ бр. 2, 1000 Скопје, Република Северна  Македонија) секој работен ден во периодот од 9:00 до 13:00 часот. Сите трошоци за подготовката и поднесувањето на понудата, паѓаат на товар на понудувачот.

10. Лицето кое ќе ја подигне тендерската документација мора да достави овластување од правното лице  за која подигнува документација,  доказ за извршена уплата во оригинал и да ги достави сите потребни податоци за контакт и адреса на правното лице  за кој се подигнува тендерската документација. Во спротивно лицето нема да може да ја подигне тендерската документација.

За подигнување на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен  да уплати неповратни средства во висина од 2.000,00 (илјада) денари.

Уплатата треба да се изврши во  корист на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство:

 

Назив и седиште на примачот:                             Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Трезорска сметка

Банка на примачот:                                                     НБРМ

Трансакциона сметка:                                                100000000063095

Износ:                                                                           2.000,00 денари

Сметка на буџетски корисник:                                   1400100280 631-19

Приходна шифра и Програма:                                   724164-20

Цел на дознаката:                                                       по јавен повик за концесија на дивеч,

11.Краен рок за поднесување на понудите е најдоцна до 15. 07. 2024 година, до  10.00 часот. Ќе се разгледуваат само понудите доставени во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Ленинова“ бр.2, 1000 Скопје, Република Северна  Македонија), до утврдениот рок.

12. Понудите се отвораат во присуство на членовите или замениците на членовите на Комисијата надлежна за спроведување на Јавниот повик и овластените претставници на понудувачите кои подигнале Тендерска документација. Присуството на јавното отварање се ограничува на по еден (1) претставник од секој понудувач.  Овластениот  претставник е должен  да приложи Овластување за присуство на јавното отворање, издадено од заинтересираниот понудувач.

13. Понудата треба да го содржи следното:

- документите со кои се докажуваат исполнувањето на личните, професионалните и финансиските услови на понудувачот, наведени во точка 7 од овој јавен повик,

- пополнет Образец за понуда (АНЕКС 2 од Тендерската документација), потпишан и заверен од одговорно лице во правното лице / овластено лице на правното лице (понудувачот), со понуден износ повисок од минималниот концесиски надоместок,

- Банкарска Гаранција за учество во постапката, доставена исклучиво во оригинална форма (согласно на Тендерската документација) ,

- Потпишан и парафиран* модел на договор (АНЕКС 6 од тендерската документација). *Парафиран модел на договор значи дека секоја страна на договорот треба да биде потпишана и заверена со печат од одговорно лице во правното лице / овластено лице на правното лице (понудувачот). Договорот не се пополнува. Со парафирање на договорот, понудувачот во целост се согласува со одредбите предвидени во истиот.

Понудата/те се доставуваат на начин и во форма утврден и опишан во тендерската документација.

14.При изборот на најповолниот понудувач ќе бидат разгледувани само понудите кои се уредно поднесени и содржат комплетна и валидна  документација пропишана во Тендерската документација.

15. Јавното отварање на понудите ќе се одржи на 15. 07. 2024 година, во 10.00 часот,

16. Начин на отварање на понудите:

Отворањето на понудите ќе биде јавно.

Отворањето на понудите ќе се изврши на следната адреса:

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.”Ленинова” бр.2

1000 Скопје

Република Северна  Македонија

Доколку има измени во врска со местото на отворањето на понудите, понудувачите ќе бидат навремено известени.

По јавното отварање, на посебна седница Комисијата ќе изврши евалуација на понудите.  Од Квалификуваните понудувачи, понудувачот кој понудил највисок износ на концесиски надомест ќе биде избран за најповолен понудувач.

 

17. Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда, е највисоко понуден концесиски надоместок даден во писмото  за понудата (АНЕКС 2 од Тендерската документација).

 

18. Правата и обврските на Концесионерот и Концедендот се определени во Договорот за концесија на дивечот во ловиштето (АНЕКС 6 од Тендерската документација). Концесионерот е должен планското стопанисување, односно одгледувањето, заштитата и користењето на дивечот да ги врши во согласност со важечките закони и прописи во Република Северна  Македонија.

 

19. Владата на Република Северна  Македонија може да врши изменување и дополнување на тендерската документација најдоцна 15 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, да не ги додели концесиите или целосно да ја прекине постапката.

 

20. Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на дивеч е Државната комисија за жалби по јавни набавки  ( ул. Филип Втори Македонски бр. 11 кат 4, 1000 Скопје, Република Северна  Македонија). Жалба може да се изјави во рок од десет дена од денот на

-  објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на повикот или тендерската документација;

-  објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;

-  отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или

-  прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.

21. За сите прашања поврзани со овој јавен повик заинтересираните кандидати  можат да се обратат кај овластените лица за контакт:

Саша Јовановиќ   тел: +389 (0)2 313 44 77

е-маил: sasha.jovanovic@mzsv.gov.mk

Горан Личовски  тел: +389 (0)2 313 44 77

е-маил: goran.licovski@mzsv.gov.mk

Комисијата за спроведување на постапката

за давање на дивечот на користење по пат на концесија    

Share