Министерот Николовски оствари средба со Лидија Попандонова, пред нејзиното упатување како претставник на МЗШВ во Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел
Со своето работно искуство стекнато низ повеќе значајни позиции во рамки на меѓународната соработка, но и како досегашен постојан претставник на нашата држава во Организацијата за храна и земјоделство на ОН и Претседавач со Европската Комисија за земјодеслтво на ФАО Лидија Попандонова успешно ќе го спроведва евроинтергативниот процес во двете важни поглавја во делот на земјоделството Поглавјето 11 Земјоделство и рурален развој и Поглавје 13 Рибарство, кои го опфаќаат најголемиот дел од целосната легислатива на ЕУ насочени кон обезбедување услови за модернизација и зголемување на производството на храна и одржлив развој на руралните средини.