Трипуновски на средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер

03.07.2024 17:30:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски одржа работна средба со Амбасадорот на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер и Френк Милер регионалниот советник за земјоделство.
На средбата е разговарано за билатералната развојна соработка со Сојузна Република Германија и за проектите во државата. 
Трипуновски ја презентираше програмата на МЗШВ за земјоделството, инвестициите во руралниот развој како и за санација и ревитализација на системите за наводнување.
Продолжува нашата активна соработка со Сојузна Република Германија како еден од нашите најголеми стратешки партнери.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици