Врз основа на член 22 став 2 од Законот за виното (,,Службен весник на РСМ" бр.74/24), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува
ЈАВЕН КОНКУРС
Согласно член 22 од Законот за виното (,,Службен весник на РСМ" бр.74/24) пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно со методологијата од член 21 од истоимениот закон, врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.
Нарачател на јавниот конкурс е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Право на учество на јавниот конкурс има високо образовна или научна институција од областа во земјоделството, која ги исполнува општите услови од член 21 и член 22 од Законот за виното (,,Службен весник на РСМ" бр.74/24) и Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет (,,Службен весник на РСМ" бр.146/24).
Јавниот конкурс за давателот на јавната услуга за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет за 2024 година трае 15 (петнаесет) дена од денот на неговото објавување.