Врз основа на член 101 став (2) од Законот за земјоделство и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19, 110/21, 123/22 и 65/23) и член 5 став (1) алинеја 4, член 11 став (1) и член 12 став (1) од Уредбата за видот на активности, максималниот износ по активности, корисниците, субјектите кои учествуваат во постапката, поблиските критериуми и начинот за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 208/19, 236/19, 53/21, 175/21, 257/21, 67/22, 81/22, 206/22, 43/23 и 123/23), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување на техничка поддршка за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – трошоци за изработка на елаборати и спецификации за регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гарантиран традиционален специјалитет