Министерот Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари

10.10.2024 15:20:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски потпиша договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство во износ од околу 12 милиони денари.

 

Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици