Состанок на високо ниво за новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026–2030) меѓу ООН и Република Северна Македонија

15.11.2024 16:00:00


Заменик-министерот Фљакрон Беџети денес присуствуваше на состанокот на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026–2030) меѓу Обединетите нации и Република Северна Македонија. На овој состанок заменик-министерот ја претстави перспективата на Министерството на темата „Инклузивен развој.“

Новата рамка го претставува главниот стратешки документ за унапредување на целите за инклузивен развој, со цел подобрување на животните услови во руралните области и создавање еднакви можности за ранливите групи. Во своето обраќање, заменик-министерот Беџети ја истакна важноста на инвестициите во човечкиот капитал, особено во адресирањето на предизвиците со миграцијата од руралните области и поддршката за малите земјоделци, младите и жените од руралните средини.

Тој исто така ја нагласи потребата од политики насочени кон изградба на одржливи рурални претпријатија, кои ќе можат да се справат со предизвиците од климатските промени и да обезбедат подобар стандард на живот за руралното население.

Подготвителниот состанок претставува значаен чекор кон градење партнерства за поддршка на одржливиот развој во Република Северна Македонија.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици