Трипуновски од Белград: Како Влада продолжуваме посветено да работиме на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Македонија

23.11.2024 11:50:00


„Денеска Република Македонија се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград. Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“. Исто така на оваа манифестација за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Оваа е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани овде на саемот“, додаде министерот Трипуновски.

 

Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.

 

„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.

 

Министерот Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.

 

„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.

 

„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици