Денеска се изврши последната акција на пошумување на опожарената површина на Кокино, општина Нагоричане, каде што во изминатите недели се пошумени над 51 хектар и засадени се повеќе од 100.000 садници.
„Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство секоја година во Програмата за проширена репродукција одвојува определена сума на средства кои што ги наменуваме за пошумување“, појасни Државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева.
„Со оглед на тоа што во изминативе неколку години е занемарена оваа дејност поточно се пошумувани многу помали површини и од Програмата за проширена репродукција се користени многу мал број на средства. Во 2023-та година имало само предвидено околу 14 милиони денари, 2022 имало предвидено 13 милиони денари. Средствата тековно се намалувале бидејќи истите не биле искористени во целост. Оваа година во Буџетот на Министерството имаме околу 20 милиони денари“, истакна таа.
Иротова Лазарева додаде дека Програма за проширената репродукција која што ја носи Министерството не опфаќа само пошумување, тука е опфатено и чистење на површините од пожарите, опфаќа миљорации, тука е опфатена и заштитата итн.
„Во 2025-та година во програмата согласно предлог Буџетот кој што ни е доставен имаме првично предвидени околу 30 милиони денари за оваа активност“, укажа Иротова Лазарева.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку пошумување ќе ги заштити белите дробови на Македонија.