Националниот акциски план не е само документ, туку стратешки план што ќе ги обликува земјоделските практики и политики во иднина

10.12.2024 13:50:00


Во просториите на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ денеска се одржа втората јавна расправа за одржлива употреба на производи за заштита на растенија. Целта на оваа јавна расправа беше да се вклучат земјоделците како целна група, но исто така во јавната расправа учествуваа државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева, директорот на Фитосанитарна управа, Игор Чоневски и Деканот на Факултетот, проф. д-р Никола Николов.

Деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. д-р Никола Николов, ги поздрави учесниците и изрази максимална поддршка за нив во сите аспекти.

Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Даниела Иротова Лазарева, ја нагласи важноста на Националниот акциски план за одржлива употреба на производите за заштита на растенијата. Таа истакна дека Националниот акциски план не е само документ, туку стратешки план што ќе ги обликува земјоделските практики и политики во иднина. Целта на Националниот акциски план е да се намалат ризиците од пестициди, да се оптимизираат земјоделските практики и да се обезбеди безбедно и еколошки одржливо производство.

Во своето излагање, Иротова Лазарева ја потенцираше важноста на соработката помеѓу земјоделците, експертите и останатите чинители, како и неопходноста од едукација, иновации и континуиран мониторинг. На крајот, таа ги повика сите засегнати страни на активна улога и дијалог за усвојување и имплементација на Националниот акциски план, со цел да се обезбеди одржливо земјоделство и заштита на животната средина за идните генерации.

Директорот на Фитосанитарната управа, Игор Чоневски, истакна дека целта на оваа дискусија е да се нагласи значењето на мерките за заштита на растенијата и контролата на употребата на пестициди. Тој додаде дека сите активности се насочени кон обезбедување на одржливо производство, заштита на нашето здравје и зачувување на животната средина за идните генерации.

Денешната јавна расправа е резултат на процес и соработка. Само преку отворен и конструктивен дијалог може да се направи вистински напредок во усвојување на Националниот акциски план и да се даде сигурност дека сите негови мерки ќе бидат реално применливи и ефективни. 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици