Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во износ од 294.212.786,00 денари за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство во износ од 83.451.028,00 денари за 2024

23.12.2024 12:02:00


Денес е извршена исплата на субвенции од тековната 2024 година.

 

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи за исплатата на финансиската поддршка да се врши навремено и редовно согласно календарот.

 

 

Секој земјоделец заслужува навремено да му се исплаќаат субвенциите.

 

 

Се  изврши исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни 2024 година.

 

 

Исто така се изврши исплата на средства во износ од 83.451.028,00 денари на 10.727 земјоделци за мерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

 

 

Грижата за земјоделците се покажа на дело преку исплата на сите заостанати субвенции од изминатите години, а со несмален интензитет ги исплаќаме и тековните субвенции за 2024 година.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици