Денеска се исплатени 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година

24.12.2024 13:50:00


Продолжува тековната исплата на финансиска поддршка и денеска кон земјоделците.

 

 

Кон 32.798 земјоделци се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

 

 

Плаќањето се изврши кон 23.626 корисници во износ од  392.148.316 денари за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија.

 

 

Дополнително се исплатени средства кон 9.172 корисници во износ од 232.894.765 денари за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз.

 

 

Редовната исплата на субвенции кон земјоделците е наша обврска.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици