Полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација ќе се одржи на 18 јануари

09.01.2025 15:20:00


Фитосанитарната управа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите кандидати кои имаат поднесено барање за полагање на испитот за дистрибутер и советник од областа на фитофармација дека полагањето ќе се одржи на ден 18.01.2025 година (сабота) со почеток во 09.00 часот во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје.

Сите кандидати задолжително да поседуваат документ за лична идентификација.

Со почит,
од Фитосанитарна управа

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици