Трипуновски: По 6 години застој се спроведува вештачки мрест на Охридска пастрмка

23.01.2025 13:00:00


„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Охрид.

 

„За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е со цел излов на матици и собирање на икра при што двете институции согласно обврските од договорот треба да соберат 1.050.000 зрна икра од кои ќе се одгледа подмладок за порибување”, додаде министерот.

 

Оваа активност е многу значајна за зачувување на Охридската пастрмка како едно од нашите национални богатства и за екосистемот на езерото.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици