Беџети: Соработката помеѓу институциите и приватниот сектор ги зголемува можностите за развој во земјоделството

10.02.2025 14:55:00


Заменик-министерот, Фљакрон Беџети, оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Менди Ќура, извршниот директор, Дурим Зекири, како и други претставници на Стопанската комора.

Средбата имаше за цел размена на идеи и идентификација на можностите за развој на земјоделскиот сектор, со акцент на поддршката на земјоделците и олеснување на пристапот до пазари. Заменик-министерот Беџети ја истакна важноста на соработката помеѓу државните институции и приватниот сектор за подобрување на поддржувачките политики и создавање на нови можности за економски развој.

Исто така, беше нагласена важноста од вклучувањето на земјоделските здруженија, кои се дел од Стопанската комора, во под-секторските групи на министерството, со цел зголемување на претставеноста и прилагодување на земјоделските политики според потребите на соодветните сектори.

Оваа средба се оценува како важен чекор кон зајакнување на соработката и унапредување на земјоделскиот сектор во земјата.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици