Заменик-министерот Беџети ја отвори Информативната сесија за Јавниот повик од Програмата ИПАРД III во Тетово

24.02.2025 15:08:00


Денес во Тетово се одржа Информативната сесија за Јавниот повик од Мерка 1 на Програмата ИПАРД III 2021-2027, важна можност за финансирање на земјоделците и претпријатијата во земјоделскиот сектор. Настанот беше отворен од Заменик министерот, Фљакрон Беџети, во соработка со заменик-директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Мевлан Морина.

Оваа програма обезбедува финансиска поддршка од 7,4 милиони евра, со цел да им помогне на земјоделските стопанства, индивидуалните земјоделци, задругите и малите и средни претпријатија во модернизацијата и развојот на нивните производствени капацитети.

Според заменик-министерот Беџети, ова финансирање претставува клучен чекор за модернизација на земјоделскиот сектор, поддржувајќи растително и сточарско производство, рибарство, преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Јавниот повик за аплицирање е отворен до 29 март 2025 година, овозможувајќи им на сите заинтересирани да ја искористат оваа финансиска поддршка за инвестиции во земјоделството.

„Ги охрабрувам сите земјоделци и претприемачи од земјоделскиот сектор да аплицираат и да ја искористат оваа можност за развој и модернизација на нивните активности,“ – истакна заменик министерот Беџети.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици