Стручната комисија за полагање на ловечки испит, ќе одржи ловечки испит на ден 12.03.2025 година, во просториите на Ловно-риболовно здружение „Пелагонија-Пелистер“ – Битола, ул.„Партизанска“, бр. 16, Битола, со почеток во 11.00 часот.
На испитот може да присуствуваат кандидати кои до денот на испитот имаат поднесено барање за полагање, проследено со уплатници и потврда за посетена обука издадена од Ловечка Федерација на Македонија.
Испитот е закажан првенствено за околните градови (Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Охрид, Струга), но и за сите останати кои имаат поднесено барање за полагање, проследено со уплатници и потврда за посетена обука издадена од Ловечка Федерација на Македонија.