Трипуновски: Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

10.03.2025 09:03:00


„Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во емисијата „Аграр“.

 

„Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа“, најави министерот.

 

Министерот Трипуновски додаде дека ова значи дека македонски производ ќе се чува во стокови резерви, но исто така значи и регулација во делот на откупот ориз.

 

„Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена меѓутоа кога ќе биде веќе согледано кое е најдоброто решение ќе биде запознаена јавноста“, истакна министерот.

 

„Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи“, посочи тој.

 

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици