Заменик министерот Беџети во официјална посета на Република Чешка за зајакнување на економската и земјоделската соработка

11.03.2025 18:02:00


Заменик министерот Беџети оствари официјална посета на Република Чешка, каде што учествуваше на Третата сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу двете земји.

За време на сесијата беа разгледани важни теми поврзани со зајакнување на економската соработка, зголемување на инвестициите и подобрување на трговската размена. Посебно внимание беше посветено на развојот на стратешките сектори и создавањето на нови можности за одржлив економски раст.

Во рамките на оваа посета, заменик министерот Беџети оствари средба со заменик министерот за земјоделство на Република Чешка, г. Мирослав Скриванек, при што дискутираа за можностите за продлабочување на соработката во земјоделскиот сектор, размена на искуства и промоција на иновативни и одржливи практики.

Исто така, заменик министерот Беџети ја посети семејната фарма „Холе“, успешен пример на агробизнис. Заедно со заменик министерот Скриванек, тие се запознаа одблиску со процесите на производство и управување со фармата, при што ја оценија интеграцијата на иновациите со традицијата во производството на квалитетни производи.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици