Според последните податоци со кои располага Министерството околу 13.000 тони македонско јаболко е извезено во првите два месеци оваа година.
Споредбено со минатата година за 82% е зголемен извозот на јаболко годинава.
Вредноста на извозот е зголемена за два ипол пати, односно е зголемена од 2 на 5 милиони евра.
Министерството продолжува преку мерки да го зголемува производството на земјоделски производи.
Фокусот на Министерството е државата да стане извозно ориентирана земја.