Стручната комисија за полагање на ловечки испит на 07.06.2025 година во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (голема сала), Скопје со почеток во 09:00 часот ќе одржи ловечки испит.
На испитот може да присуствуваат кадидати од сите градови во Македонија кои до денот на испитот имаат поднесено барање за полагање до архивата на министерството, проследено со уплатници и потврда за посетена обука издадена од Ловечка Федерација на Македонија.