Трипуновски: Работиме на зајакнување на соработката помеѓу земјоделците и земјоделските задруги, за да резултираат со нови земјоделски задруги или зголемен број на членови во постоечките задруги

29.04.2025 12:35:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, присуствуваше на настан каде што се споделија резултатите од проектот „Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор - конкурентни земјоделски задруги“, кој е во завршна фаза, финансиран од ЕУ - ИПА програмата.

Министерот при своето обраќање изјави дека по реализацијата на предвидените проектни активности, се очекува подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги во земјоделскиот сектор во државата преку промовирање на соработката помеѓу земјоделците вклучувајќи го и зајакнатото учество на младите и жените во развојот на земјоделството.
Тој додаде дека е развиен и промовиран модел кој ќе ја зајакне соработката помеѓу земјоделците и земјоделските задруги, кои ќе резултираат со нови земјоделски задруги или зголемен број на земјоделци членки на постоечките задруги.

„Од моето стапување на местото министер се залагам за зајакнување на земјоделските задруги бидејќи токму тие се форма на здружување, преку која земјоделците можат да станат конкурентни и претпознатливи на пазарот“, истакна министерот Трипуновски.

„Во таа насока се измени Законот за земјоделство и рурален развој, а се донесе и „Правилникот за формата, содржината, начинот на запишување, потребната документација и бришење во евиденцијата на земјоделски задруги“, со кој ќе се регулира постапката за запишување на земјоделските задруги во Евиденцијата на земјоделски задруги која се води во Секторот за рурален развој, Одделение за земјоделски задруги“, посочи министерот.

Министерот се заблагодари во името на Владата до Делегацијата на Европската унија за нивната континуирана поддршка во реформирањето на земјоделскиот сектор, со цел истиот да зајакне и да може да одговори на предизвиците кои доаѓаат од нестабилноста на светската економија, климатските промени и социо-демографските трендови.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици