Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување, опфатена е цела територија на Македонија!

02.05.2025 12:05:00


Обезбедени се 132 милиони денари за обнова на инфраструктурата за наводнување и одводнување.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со директорот на АД Водостопанство, Филип Филиповски потпишаа 18 договори за техничка помош за одржување на системите за наводнување и одводнување, за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година во дел II став (2) мерка 1 „Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој подмерка“, 1.7 „Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“, точка 1.7.12 „Техничка помош за одржување на системите за наводнување и одводнување“ во износ од 132.000.000 денари.

Со обезбедените средства е опфатена целата територија на државата.

За да имаме успешна земјоделска сезона водата е клучот!

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици