Министерот Трипуновски потпиша договори за финансиска поддршка со директорот на УХМР во износ од 17.500.000 денари

07.05.2025 13:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпишаа договори за финансиска поддршка во износ од 17.500.000 денари.

Оваа активност се реализира во согласност со поднесено Барање од Управа за хидрометеоролошки работи за инвестициони вложувања за санација на метеоролошки станици, како и трошоци за набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем и набавка на мали метеоролошки станици, техничка помош за одржување на системите за наводнување и одводнување, за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година во дел II став (2) мерка 1 Техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој подмерка 1.7 Други трошоци и инвестициони вложувања за воспоставување и спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој точка 1.7.5 „Инвестициони вложувања за санација на метеоролошки станици, како и трошоци за набавка на хардвер и софтвер за хидрометеоролошка опрема и радарски систем и набавка на мали метеоролошки станици“ во износ од 17.500.000 денари.

Министерот истакна дека редовната и точната информација од Управата за хидрометеоролошки работи ќе го заштити земјоделството од непогоди.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици