На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

07.05.2025 15:13:00


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во просториите на Министерството на 54 здруженија додели договори во вкупен износ од 10.094.050 денари за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Македонија за организирање на локални манифестации и саеми.

 

„Нашата цел како Министерство е да ги поттикнеме здруженијата да организираат повеќе локални манифестации, саеми, фестивали каде што нашите македонски производи ќе се промовираат. Освен храната, ќе можат да се истакнат и малите фарми, производителите, задругите. Токму ваков вид на настани ќе ја придвижат и домашната економија“, истакна министерот при доделување на договорите.

 

Тој посочи дека со манифестациите ќе бидат опфатени сите региони од државата, бидејќи секој дел од Македонија е препознатлив и посебен сам по себе.

 

„Традиционалната храна да ја доближиме до помладите, само така ќе ја сочуваме нашата автентичност и препознатливост“, истакна министерот Трипуновски.

 

Министерот при своеото обраќање додаде дека со одржување на локалните манифестации, фестивали и саеми, домашните производи можат да ги вкусат и туристите, со што ќе бидат прочуени и по другите земји.

 

„Да работиме заедно, сплотено, да бидеме препознатливи во регионот и светот по квалитетната македонска храна“, порача тој.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици