Трипуновски: Остануваме силно посветени на создавање на национални решенија насочени кон дигитализација, зелени технологии и поврзување на земјоделците

26.05.2025 16:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство присуствуваше на одбележувањето на завршниот настан од проектот „Зајакнување на современото одржливо земјоделство - АгроСмарт“.

Проектот за Министерството претставува важен чекор кон модерно, конкурентно и одржливо земјоделство.

„Со поддршка на проектот се обезбедени средства за паметни системи за фертигација кои овозможуваат прецизно и рационално наводнување и ѓубрење, роботизирани решенија за автоматско чистење и хранење во сточарството, како и прецизни агродронови и метеоролошки станици за следење на здравјето на насадите и оптимизирање на агротехничките мерки“, истакна министерот.

Тој посочи дека е инвестирано и во соларно напојувани системи за наводнување, автоматски филтер станици, соларни GPS тракери за следење на добитокот, како и иновативни уреди како млекомати за директна продажба на свежо млеко.

„Денес сме сведоци дека кога земјоделците се здружуваат, кога соработуваат и кога заедно настапуваат, резултатите се видливи, одржливи и охрабрувачки“, додаде тој.

„Остануваме силно посветени на максимално искористување на можностите што ги нудат европските програми, но и на создавање на национални решенија кои ќе бидат насочени кон дигитализација, зелени технологии и поврзување на земјоделците во силни и одржливи здруженија“, истакна министерот Трипуновски.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици