Серафимовски: Со давање приоритет на истражувањето во земјоделството, можеме да ги ублажиме ефектите од климатските промени

03.06.2025 13:40:00


Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, овие два дена присуствува на Форумот за земјоделска политика (APF) под наслов: „Насочување кон интеграција во ЕУ и влијанието на климатските промени врз земјоделството: обезбедување иднина за нашите земјоделци и храна во Југоисточна Европа”, кој се одржува во Охрид.
APF 2025 се организира од страна на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во ЈИЕ, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На Форумот се разговараше за клучните предизвици со кои се соочува земјоделскиот сектор во регионот. Учесниците дискутираа за прилагодување кон климатските промени во земјоделството во Западен Балкан, за иднината на сточарското производство во регионот и начините на одговор кон климатските промени.
Посебно внимание беше посветено на ослободување на потенцијалот на агро-фотоволтаици за климатски отпорно земјоделство, како и на спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан, вклучувајќи ажурирање на тековните процеси и идни предизвици.
Во своето излагање, државниот секретар Серафимовски посочи дека учеството на Македонија на Форумот ја потврдува посветеноста за модернизација на земјоделскиот сектор. Преку Форумот може да се разменат искуства меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците на климатските промени.
„Истражувањето и иновациите се неопходни за справување со климатски промени. Со давање приоритет на истражувањето во земјоделството, можеме да ги ублажиме ефектите од климатските промени, да изградиме отпорност и да обезбедиме одржлива, безбедна иднина за идните генерации. Потребата од иновации никогаш не била појасна“, истакна тој.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици