Трипуновски од Свети Николе: Македонските земјоделци ја имаат нашата целосна поддршка

03.06.2025 21:00:00


Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците од општина Свети Николе.

На средбата разговараа за актуелната состојба во земјоделството и приоритетите кои ги има  Министерство.

„Горд сум што можам да кажам дека како никогаш досега субвенциите се исплаќаат редовно и навремено“, истакна министерот.

Во текот на средбата министерот посочи дека вода за наводнување ќе има за сите земјоделци, се работи за да се има успешна земјоделска сезона.

„Македонските земјоделци ја имаат нашата целосна поддршка“, додаде министерот.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици