Известување

09.06.2025 16:00:00


Почитувани,

Ве известуваме дека јавната расправа по Предлог-законот за земјоделство и рурален развој ќе се одржи на 12 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (големата сала на приземје), на адреса ул. Ленинова бр. 2, Скопје.

Вашето присуство и учество ќе биде од особено значење за унапредување на процесот на креирање квалитетна и сеопфатна законска рамка во областа на земјоделството и руралниот развој.

Со почит,
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици