Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети модерната свињарска фарма на компанијата АГРИА во село Чичево.
Има висок степен на биосигурност на фармата, висок стандард на производство и грижа за добросостојбата на животните.
АГРИА е докaз дека македонските компании можат да бидат лидери во областа на сточарството. Покрај производството на висококвалитетно свинско месо, компанијата се истакнува и со:
- Сопствена фабрика за производство на добиточна храна во северниот дел на Македонија.
- Фарма за производство на говедско месо.
„Оваа посета ми даде можност да се запознаам со предизвиците и потребите на модерното македонско земјоделство“, истакна министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува вакви иновативни компании кои придонесуваат за развојот на нашиот аграрен сектор.