Трипуновски: Заедно, сплотено ќе изградиме цврст темел за развој на земјоделството

12.06.2025 14:00:00


Денес во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа јавна расправа за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој.

„Имавме конструктивен дијалог со сите заинтересирани страни: научната фела која ги сподели своите стручни анализи, земјоделците кои ја изнесоа реалноста од полето и откупувачите со свои предлози за подобрување на верижниот циклус“, истакна министерот Трипуновски.

Тој додаде дека секој глас беше сослушан, секој предлог внимателно ќе биде разгледан.

„Заедно, сплотено ќе изградиме цврст темел за развој на земјоделството“, додаде министерот Трипуновски.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици