Трипуновски: Работиме за да го подигнеме квалитетот и конкурентноста на лозарството во Македонија

13.06.2025 13:00:00


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со претставниците на Здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“.

На средбата се дискутираше за идните чекори за развојот на оваа значајна гранка во нашето земјоделство.

„Работиме за да го подигнеме квалитетот и конкурентноста на лозарството во Македонија“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека македонското вино заслужува место на светските пазари, а лозарите заслужуваат максимална поддршка.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици