Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, в.д. амбасадор на Државата Катар.
Во рамките на конструктивниот разговор ги разгледаа можностите за зајакнување на соработката помеѓу нашите земји во областа на земјоделството.
„Македонија е отворена за соработка со сите партнерски земји што можат да придонесат за развојот на нашето земјоделство“, истакна министерот.