Презентирана техничката студија за користење на пловечки фотоволтаици на браната Паљурци

03.07.2025 11:00:00


Денеска во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се презентираше техничката студија за користење на пловечки фотоволтаици на браната Паљурци - проект кој го поврзува зеленото производство на енергија со модерното наводнување.

 

Според техничката студија предвидено е:

• изградба на пловечка фотоволтаична електрана од 3MWp на акумулацијата Паљурци;

• користење на обновлива енергија за наводнување;

• заштита на Дојранското езеро и надополнување на акумулацијата Паљурци.

 

Земјоделците ќе имаат подобрено наводнување на земјоделските површини и намалена цена за користење на вода.

 

Овој проект е уште еден чекор напред кон модерно, одржливо и еколошки одговорно земјоделство.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици