Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше во гевгелискиот регион на настанот по повод 5 Јули, Меѓународниот ден на задруги организиран од МАЗЗ - Македонската асоцијација на земјоделски задруги, при што истакна дека денес се прославува моќта на соработката во земјоделството.
„Земјоделските задруги овозможуваат на малите земјоделци пристап до пазари, технологии и знаења“, посочи министерот.
При своеото обраќање министерот потсети дека во месец мај се објави јавен повик за економско здружување на земјоделски задруги со максимална вредност од 15 милиони денари по корисник. Со оваа инвестиција се придонесува за формирање нови задруги, јакнење на постоечките и зголемување на конкурентноста.
„Заедно градиме модерно и одржливо земјоделство“, додаде министерот Трипуновски.