Димковски: Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците

20.09.2019 13:00:00


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постојано е во комуникација со лозарите, секогаш е во тек и активно ги решава сите нивни проблеми.Пред почетокот на новата производствена сезона лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Се исплатија 9 милиони евра на 15.208 лозари. Веднаш потоа, Платежната агенција исплати 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.

 Решивме еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите, ги вративме назад парите кај лозарите за да можат повторно да инвестираат во лозовите насади.

Деновиве, се исплатија околу 66,2 милиони денари или над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа исплата се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците.

“Вчера сакав директно да се соочам со лозарите кои го блокираа патот затоа и отидов да ги слушнам нивните барања. Уште веднаш, оние кои беа вистински лозари пристапија и разговаравме но на самиот настан видовме како протестот е во две групи, од кои поголемата беше партиска структура која, како што самите кажаа, тука се за да ги поддржат лозарите.Бевме сведоци како истите тие беа донесени со автобус од Демир Капија. Нашата врата секогаш е отворена за лозарите и спремни сме за се да разговараме.“-изјави министерот Димковски.

Поддршка за лозарите ја продолжуваме и оваа година преку мерките од Програмата за директни плаќања, односно 20 отсто повисоки субвенции за одржување на лозови насади за лозарите со развоен потенцијал, 12.000 денари за промена на сортимент, зголемена поддршка за пормоција на македонските вина на меѓународните саеми и она што е најважно за оваа грнака поддршката преку ИПАРД 2 за мерките - Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства (подигнување на лозови насади) и Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи (инвестиции во винарски визби)

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици