Доделени уверенија за завршена обука на шумски полицајци

06.11.2019 15:00:00


Денеска, во просториите на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа поделени уверенија за завршена обука на шумски полицајци.

Секторот за шумска полиција во рамките на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извршува многу значајна задача во однос на спроведување на законската регулатива од областа на шумарството, особено во однос на заштитата на шумите и зачувување на природата, како и во зголемување на придонесот на шумскиот сектор во националната економија и руралниот развој. Преку одржливо стопанисување со шумите се обезбедуваат обновливи ресурси и заштита на локалната и глобалната животна средина со што се обезбедува подобар квалитет на живот на сите граѓани.

Шумската полиција е задолжена да ја чува шумата, да интервенира согласно Законот за шуми. Оваа обука беше реализирана со помош на министерството за внатрешни работи.

Share


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици