Соопштенија


 „Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

 


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.


„Јавните повици кои што ги распишуваме наменети се за помалите земјоделци кои што не можат да го достигнат прагот за ИПАРД средства. Ние како држава ги помагаме за да влезат во процесот, да застанат на свои нозе и да можат наредните години да бидат корисници на ИПАРД средства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.


„Во моментов се работи во делот на објавување на производната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје, на Вранецот и Смедеревката. За скоро ќе биде истакната производната цена“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервјуто за Алфа телевизија.


„Министерството изминатиот период водеше интензивни разговори со земјоделските здруженија, со мелничко – пекарската групација при Стопанската комора. Имавме и неколку состаноци со потсекторската група во Министерството за конкретната тема. Она што го соопштивме во јавноста како заклучок е дека оваа година за првпат првата и втората категорија на пченица ќе се откупува по цена од 12 денари, дополнително на оваа сума треба да се платат и транспортни трошоци и ДДВ од страна на мелничарите, што значи дека ако пченицата доаѓа од краеви каде што нема млинови ќе биде платен дополнително и транспортот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.



Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

Одберете датум

Јавни огласи и повици